18.07.2017

Пораз на младинците од домаќинот на ЕП – Романија

Нашите младинци го запишаа вториот пораз во три натпревари на Европското првенство (Дивизија Б) кое се одигрува во Орадеа, Романија. Во третиот натпревар на нашата младинска репрезентација на ова континентално првенство славеше домаќинот со 63-68 (12-18, 16-16, 20-20, 15-14).

Концентрацијата беше на високо ниво на почетокот на натпреварот. Младинците ја преземаа иницијативата за поставување на свое темпо на теренот кое резултираше со двоцифрена предност (12-2) по нешто повеќе од пет минути игра. Потоа следеше лош шутерски период во кој не успеавме да реализираме ниту еден поен наспроти вкупно 16 кои ни ги уфрлија противниците од Романија. Во вториот, како и во третиот период, успеавме да ја консолидираме играта играјќи рамноправно со домаќинот на ова континентално првенство. Водството стекнато по првите десет минути ги натера Романците да се опуштат, па нашите младинци согледаа шанса за израмнување (50-50). Во наредните две минути се расположија шутерите на домаќинот кои со две реализирани шутеви од далечина повторно резултатски се одлепија, овој пат недостижно за нас.

СТРЕЛЦИ
Митев (5поени), Серафимов (2), Прентовиќ (6), Робев (5), Митков (8), Маслинко (24), Ефремовски (7), Двојаковски (6)