28.07.2018 Нашата јуниорска репрезентација денеска го одигра вториот натпревар на Европското првенство (дивизија Б) што се одржува в Скопје и запиша пораз од соодветната репрезентација на Холандија. Доминантните Холанѓани лесно ги враќаа топките кои нашите репрезентативци не успеаја да ги реализираат, поголемиот дел зад линијата за три поени. Јуниорите имаа моменти без реализација на паркетот за кое време противниците таложеа предност. Натпреварот заврши со 62-84, триумф на Холандија. За нашите кошаркари следи натпревар против Луксембург, утре (недела, 29. јули) со почеток во 18 часот и 45 минути во големата сала на Кале. Целосната статистика од денешниот натпревар е достапен на следниот ЛИНК.