Со пораз од селекцијата на Хрватска го отворивме вториот прозорец од квалификациите за Евробаскет 2019. Нашата национална селекција во женска сениорска конкуренција го запиша првиот пораз во овој втор квалификациски прозорец, трет севкупно во овој квалификациски циклус. Сениорките не успеаја да пронајдат одговор за играта на високите противнички кои рано наталожија двоцифрена рпедност која ја одржаа се до крајот, до конечни 47-108.
Следно за нашите сениорки е натпревар на гости против Италија, на 14. февруари со почеток во 18часот и 30минути.
СТРЕЛЦИ:
Стојановска (3), Тантуровска (2), Муса (2), Николиќ (5), Кметовска (3), Митрашиновиќ (24), Парис (4), Трајчевска (4)