Нашата кадетска репрезентација во четвртиот натпревар на Европското првенство (дивизија Б) запиша пораз од соодветната селекција на Ирска. Репрезентативките ја имаа контролата над играта на теренот во првиот период во кој со серија од 8-0 ја анулираа негативата пред себе и го преземаа водството. Во вториот период изостана реализацијата од наша страна, противникот го пронајде решението за нашиот напад па следеше израмнување, а потоа и водство за младите кошаркари на Ирска.
Последниот натпревар во групната фаза ќе го одиграме утре (18:45) против Белгија, засега единствената селекција без пораз во нашата група.
МАКЕДОНИЈА - Ирска 54-72 (18-13, 15-24, 16-17, 5-18)
СТРЕЛЦИ
Николиќ (15поени), Селцова (6), Митрева (22), Атанасовска (4), Кожобашиовска (7)