24.08.2017

Пораз од Израел

Нашите најмлади репрезентативни кошаркари запишаа една победа и еден пораз на првиот ден исполнет со натпревари на турнирот „Slovenia Ball“. 

Турнирот, го отворивме со победа над 'белите' од Словенија, а во вечерниот термин запишавме пораз од врсниците од Израел. Утре ќе одиграме уште два натпревари, првиот против Хрватска во 15:00 часот, а вториот во вечерниот термин (20:15) против селекцијата на Украина. 

Првите две пласирани селекции во двете групи ќе разигруваат во полуфиналето додека останатите ќе се борат за пласман од петтото до десеттото место на турнирот.

Израел - МАКЕДОНИЈА  110 - 77(37-14, 35-21, 18-25, 20-17)
СТРЕЛЦИ
Богатиновски (4поени), Митревски (3), Софронијевски (4), Наумоски (12), Наков (6), Трпески (4), Величковски (20), Петков (3), Гацов (6), Кларица (2), Боцевски (13)