12.08.2017

Пораз од Велика Британија

Кадетските репрезентативци забележаа втор пораз во рамки на групанта фаза од Европското првенство (Дивизија Б) за кошаркари до 16 години што се одигрува во Софија, Бугарија. Во третиот одигран натпревар (досега имаме една победа и еден пораз) кадетите загубија од врсниците од Велика Британија.

Нашите противници беа посилни со 94-54 (21-9, 26-13, 22-16, 25-14)
СТРЕЛЦИ
Јанев (5поени), Исајлоски (12), Христов (3), Блажевски (4), Наумовски (4), Јакимовски (3), Кацарски (6), Наумоски (11), Бошковски (4)