Пораз од Велика Британија во третиот натпревар од групната фаза - КФСМ
06.08.2017

Пораз од Велика Британија во третиот натпревар од групната фаза

Третиот натпревар од групната фаза значеше и трет пораз за нашите јуниорки. Тепрезентативките до 18 години се уште се мачат за да запшат прва победа на Европското првенство (дивизија Б) кое се одигрува во Даблин, Ирска.

За избраничките на Анета Глигорова, поразот од Велика Британија е трет во низа и со него се наоѓаме на делба на последната позиција во групата Д, заедно со Молдавија. Следи ден одмор за нашите јуниорки кој ќе им послужи за собирање на силите и консолидирање на играта пред натпреварот против Словачка.

МАКЕДОНИЈА - Велика Британија 

46-81 (17-25, 8-13, 14-16, 7-27)

СТРЕЛЦИ
Белеска (1поен), Андонова (10), Џуговска (3), Митрева (3), Шеќероска (12), Кузмановска (3), Петрушевска (3), Серафимоска (2), Спировска (9)