12.07.2025

Нашата селекција „Под 18“ го загуби мечот во Ботевград по 45.минути игра со резултат (92:97)

Пораз по продолжение од пет минути на јуниорите на „контролата“ со Швајцарија

Имаа скоро „добиен натпревар“ нашите најдобри јуниори на првата официјална проверка за време на подготвителниот период, онаа против селекцијата на Швајцарија.

Но во регуларниот дел му дозволија на соперникот да дојде до нерешен скор (84:84), а во екстра периодот од пет минути, загубија со резултат (92:97).

Освен во првата четвртина која Швајцарија ја доби со (24:20), во преостанатите три, водството беше на страната на нашата јуниорска репрезентација која на ова гостување во Ботевград, замина осетно ослабена со неиграњето на капитенот Никола Јаничиќ, а поради повреда отсуствува и Сопроновски.

На полувремето Македонија водеше со (48:45), а уште повисока беше предноста за нашиот јунирски тим по три одиграни четвртини, (64:58).

Недоволни за да победиме по истекот на регуларниот дел од играта, кој заврши со (84:84), а противникот беше подобар во оние пет минути од продолжението (13:8).

Сребров и Цветковски го предводеа нашиот национален тим „Под 18“ години со по 19.реализирани поени. Двоен број на поени, вкупно 16, имаше и Терзиевски. Во листата на стрелците се впишаа уште и Данев, кој постигна седум поени, по шест имааа Најков, Ѓорѓевиќ и Букршлиев, пет постигна Бајалџиев, четири Стојановски, а Несторовски и Димовски имаа по два.

Утре, од 12.часот, исто така во Ботевград, двете селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар.