Со пораз во контролниот натпревар од Манреса (89:93) го завршија подготвителниот период кошаркарите на Хувентуд.
Во последната проверка пред официјалниот почеток на новата сезона во „Ендеса“ лигата, Ненад Димитријевиќ и соиграчите беа во постојана резултатска негатива. На неполни пет минути пред крајот стигнаа до израмнување (81:81), не не успеаа да направат комплетен резултатски пресврт.
На оваа последна „контрола“, македонскиот репрезентативен бек одигра скоро 18.минути. Период во кој постигна девет поени (0/3 за три, 4/7 за два и 1/1 за еден поен), а имаше и три успешни додавања.
Во првото коло од новиот шампионат во елитната дивизија на Шпанија, на 19.септември, Хувентуд е домаќин на екипата на Уникаха.