Нашата машка кадетска репрезентација вечерва го отвори со пораз меѓународниот пријателски турнир на кој учество ќе земат соодветните национални селекции на Шпанија, Турција и Израел. Избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ разигруваа против Израел, чиј тим им нанесе пораз од 48-82 односно 18-13, 12-29, 9-21 и 9-19 по делници.
Селекторот им ја подели минутажата на сите дванаесет играчи со кои располагаше на денешниот натпревар, а девет од нив се запишаа и во листата на стрелци и тоа:
Никола Поповиќ (1 поен), Давид Петрушевски (2 поени), Никола Јаничиќ (6 поени), Бојан Величковски (7 поени), Атанасија Трајанов (3 поени), Стефан Стојковиќ (4 поени), Димитар Зетов (3 поени), Коста Кириловски (2 поени), Дино Лазарев (6 поени), Марко Луканоски (9 поени) и Малиик Тачи (5 поени).
Следен натпревар на нашите кадети е закажан за утре (3. август) со почеток во 18:00 часот во СРЦ Кале.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
2.08.2022
18:00 МАКЕДОНИЈА - ИЗРАЕЛ
3.08.2022
18:00 ШПАНИЈА - МАКЕДОНИЈА
20:30 ИЗРАЕЛ – ТУРЦИЈА
4.08.2022
18:00 ШПАНИЈА – ИЗРАЕЛ
20:30 МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА
5.08.2022
18:00 ТУРЦИЈА – ШПАНИЈА