27.07.2022

Македонија - Црна Гора 50-74

Пораз за кадетките на првиот контролен натпревар против Црна Гора

Женската кадетска репрезентација пред неколку часа го одигра првиот пријателски натпревар во рамки на подготвителниот период и тоа против соодветната репрезентација на Црна Гора. Најмладата женска национална селекција не успеа да запише победа во првиот дуел од два закажани во Македонска Каменица, каде тимот ги обавува подготовките во пресрет на настапот на Европското Првенство, Дивизија Б, кое ќе се одигра во Подгорица, Црна Гора.

Селекторот Горан Даниловски заедно со своите стручни соработници, Атанас Димов и Симона Деловска, ги разигра сите кошаркарки кои ги имаше на располагање за подетална проценка на силите на составот, индивидуално, но и колективно.
Македонските кошаркарки го диктираа темпото на игра во првиот дел на натпреварот, предноста беше во наша корист на паузата (34-35), но во вториот дел од играта следеше пад на концентрацијата во играта што резултира со конечни 50-74 во полза на гостите од Црна Гора.

Троецот Даниловски-Димов-Деловска ќе имаат прилика за реванш на црногорскиот состав, утре напладне на вториот натпревар предвиден за овој дел од подготовките.