Пораз за кадетките од Бугарија - КФСМ
08.08.2018

Пораз за кадетките од Бугарија

Кадетките го отворија турнирот кој од денеска се одржува во Скопје со пораз од соодветната репрезентација на Бугарија. За избраничките на Стојна Вангеловска ова е првиот пораз во подготвителниот период, по четири победи. 
 
Репрезентативките до 16 години на Бугарија успеаја да го анулираат водството на нашите кадетки, а потоа и да го преземат. Во финишот, Бугарија славеше со 62-54 односно 9-15, 27-20, 18-7 и 8-12 по делници.