Македонската женска кадетска репрезентација запиша уште еден пораз на Европското првенство, дивизија Б, кое се одигрува во црногорската престолнина Подгорица.
Избраничките на Стојна Вангеловска беа подобри од врсничките од Бугарија во вториот дел од натпреварот, но двоцифрената негатива која ни ја наметна противникот во првото полувреме се покажа како недостижна.
Во финишот, Македонија загуби со 58-73.
Следи натпревар за разигрување од 21. до 23. место.
Целосната статистика од денешниот натпревар, како и снимка од истиот може да се погледне на следниот ЛИНК.