17.08.2017

Пораз за кадетките од Украина

Нашите кадетки не ја искористија предноста домашен терен на првиот натпревар кој го одиграа во рамки на Европското првенство (Дивизија Б) кое од денес официјално започна да се одигрува во нашиот главен град Скопје. Репрезентативните кошаркари им парираа на врсничките од Украина во првиот дел од натпреварот, но концентрацијата изостана во вториот дел што резултира со пораз.

Утре, нашите кадетки ќе се пресметаат против соодветната селекција на Словенија. натпреварот ќе се одигра во VIP арената при спортскиот ентар „Борис Трајковски“ со почеток во 18 часот и 45 минути.

Украина - МАКЕДОНИЈА 58-40 (12-9, 20-11, 13-6, 13-14)

СТРЕЛЦИ
Тасевска (2 поени), Николиќ (5), Селцова (5), Митрева (20), Атанасовска (4), Кожобашиовска (4)