16.06.2018 Репрезентацијата до 20 години запиша пораз во вториот натпревар од пријателскиот двомеч против Унгарија.По пет дополнителни минути игра, избраниците кои ги изротира селекторот Никола Василев запишаа минимален пораз од 80-82. Нашите младински репрезентативци прикажаа стабилна игра, имаа и водство, но потфрлија во финишот. Целосната статистика од денешниот натпревар може да се погледне на следниот ЛИНК. Галеријата од синоќешниот натпревар кој заврши со резултат 50-67 во корист на гостинскиот состав може да се погледне на следниот ЛИНК.