21.11.2018

Пораз за сениорките од Хрватска

 

Женската сениорска репрезентација вечерва и официјално го заврши циклусот на квалификации за Евробаскет 2019 откако на гости против Хрватската репрезентација запиша пораз од 90-27.

Сениорките, во првиот циклус на евроквалификации по повеќегодишна пауза, не успеаја да запишат ниту една победа во рамки на натпреварите одиграни во групата Х.

Европското првенство, за кое се играа овие квалификации, ќе се одигра идната календарска година (2019), кон крајот на месец јуни. Во идниот ноември пак, ќе започнат да се играат квалификациите за Европското првенство кое е на календарот на ФИБА во 2021 година.


Стрелци:
Кожобашиовска (4), Николиќ (2), Кметовска (7), Митрашиновиќ (14)

Резултати група Х:

МАКЕДОНИЈА – Италија 52-61
Шведска – МАКЕДОНИЈА  91-51
МАКЕДОНИЈА – Хрватска  47-108
Италија – МАКЕДОНИЈА 93-33
МАКЕДОНИЈА – Шведска 48-118
Хрватска – МАКЕДОНИЈА 90-27