17.11.2018

Пораз за сениорките од Шведска

 

Нашата репрезентација во женска сениорска конкуренција запиша уште еден пораз во рамки на квалификациите за Евробаскет 2019. Последниот натпревар во овој циклус кој го одигравме на домашен терен го загубивме со 48-118 од соодветната репрезентација на Шведска.

На избраничките на Марјан Лазовски им беше потребно повеќе време од противникот за да влезе во ритам што резултира со огромна негатива уште на самиот почеток на натпреварот. како течеше времето, така се таложеше и негативата која кон крајот се искачи на 70 поени, највисоки во овој циклус на евроквалификации.

Повторно започнавме да играме во грч, а додека се сконцентриравме веќе противникот направи огромна разлика во реализирани поени. Малерот со повредите на искусните играчи не следи од самиот почеток на овие квалификации по што се чини дека дефинитивно нема да имаме прилика да ја видиме реалната слика за оваа репрезентација ниту во овој прозорец. Мислам дека на концентрацијата влијаеше и резултатот кој го запишавме против Шведска на гости. На нас останува уште натпреварот против Хрватска за четири дена на гости. - истакна селекторот Лазовски по натпреварот.

Стрелци на натпреварот:
Кметовска (6), Лазареска (6), Митрашиновиќ (5), Николиќ (8), Стојановска (21), Кожобашиовска (2)