31.05.2021

...

Посебни признанија за Илчe Божиновски, оди во спортска „пензија“

Финалниот меч во Македонска Каменица помеѓу екипите на Баскет КАМ и Бадел 1862, беше и последниот во кариерата на Илчe Божиновски.

Долгогодишниот судија, потоа и делегат, заедно со судиите-колеги Цветановски, Тасевски и Зафировски, ги одработи своите 40.минути, а Судиската комисија го испрати во спортска „пензија“, со посебно креиран судиски дрес и плакета која му ги врачи претседателот на Судиската комисија, Елена Велкоска.