29.05.2021 Илчо, ти благодариме за сè Финалниот натпревар во Македонска Каменица помеѓу екипите на Бадел 1862 и Баскет Кам кој го даде овосезонаскиот шампион во Првата женска сениорска лига, беше и последниот во кариерата на Илчо Божиновски. Долгогодишниот судија, потоа и делегат, заедно со судиите-колеги Влатко Цветановски, Христијан Тасевски и Дејан Зафировски, ги одработи своите 40 минути, а Судиската комисија го испрати во спортска „пензија“, со посебно креиран судиски дрес и плакета која му ги врачи Претседателот на Судиската комисија, Елена Мицковска.