31.07.2018

#FIBAU18Europe

Посета на Кањонот Матка и на пештерата Врело на првиот ден за одмор

Членовите на стручните штабови на репрезентациите кои учествуваат на Европското првенство (дивизија Б) што се одржува во Скопје ако и официјалните лица вчера го искористија првиот слободен ден за посета на кањонот Матка како и пештерата Врело.

По три дена поминати низ салите на СРЦ Кале и на СЦ Јане Сандански, дел од членовите на стручните штабови на репрезентациите како и официјалните лица ја прифатија поканата на Македонската кошаркарска федерација како организатор и домаќин да искористат дел од слободниот ден за прошетка во некој дел од нашата престолнина.

Рано изутрината беше одржан вториот технички состанок кој беше искористен за потенцирање евентуални забелешки од досегашниот тек на првенството, а потоа се замина за Матка. Четириесетина гости со мали чамци ја посетија најдлабоката подводна пештера на Балканскиот Полуостров односно втората најдлабока на Стариот континент, а потоа екскурзијата ја завршија со мал коктел.