Женската селекција на Македонија „Под 16“ години оваа година ќе биде дел од Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое од 20. до 29. август ќе се одржи во Истанбул.
Вкупно 23.кошаркарки, кои се најдоа на поширокиот список на селекторот Оливер Стојмановиќ, и неговите асистенти Јасмина Герасимовска-Николиќ и Атанас Димов, ќе ги стартуваат подготовките на 10. јули (четврток).
На првиот тренинг, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, закажан за 16. часот, треба да се појават, со исклучок на оние кои во моментов се дел од јунироската репрезентација која настапува на ЕП во Литванија, следниве кошаркарки:
ПОШИРОК СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ ЗА НАСТАП НА ЕП-ДИВИЗИЈА „Б“ - ИСТАНБУЛ
Кјара Анастасова - ЖКК Бадел 1862
Ива Димитријевиќ - ЖКК Бадел 1862
Теодора Стевановска - ЖКК Бадел 1862
Вања Милосављевиќ - ЖКК МЗТ Скопје
Ана Сарафиловска - ЖКК МЗТ Скопје
Јована Димовска - ЖКК МЗТ Скопје
Нина Карајованова - ЖКК МЗТ Скопје
Марија Димитровска - ЖКК Вардар
Анабела Ѓиновска - ЖКК Вардар
Ана Стоименовска - ЖКК Патриот Делчево
Сиандра Зиба - ЖКК Струга 2009
Елса Незири - ЖКК Струга 2009
Марија Ѓорѓевска - ЖКК Гостивар 2009
Мила Стојановска - ЖКК Крива Паланка
Ангелина Ангеловски - Лауренти Спиру Белгија
Ивона Леова - ЖКК Спорт Тим Неготино
Ангела Мегленова - ЖКК Про Баскет Кавадарци
Дијана Ѓорева - ЖКК Про Баскет Кавадарци
*Мила Начевска - ЖКК Вардар
*Ива Колева - ЖКК Тим Арена Штип
*Јана Пислевска - ЖКК Вардар
*Глорија Груевска - ЖКК Крива Паланка
*Теодора Трајковска - ЖКК Вардар
Селектор: Оливер Стојмановиќ