28.05.2024

Младински Евробаскет, 13-21. јули, 2024 година

Поширок список на кошаркари повикани за репрезентацијата до 20 години - мажи

Младинската машка селекција претстојното лето ќе земе учество на Европското првенство за кошаркари до 20 години односно на младинскиот Евробаскет, Дивизија А.

Кошаркарите, предводени од селекторот Боро Смилковски и неговите асистенти Методија Бешлиовски и Миодраг Тодоровиќ, ќе настапат во Гдиња, Полска, во период од 13. до 21. јули.

Првиот собир на оваа национална селекција е закажан за 10. Јуни, 2024 година, во СРЦ Кале. Терминот за првиот собир, како и скратениот список на 18. кошаркари на чии услуги ќе смета  Смилковски во рамки на подготвителниот период ќе бидат објавени дополнително.

Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, а по десетина дена ќе замине во Црна Гора на пријателски двомеч. Месец јуни ќе го комплетира со уште еден двомеч, против соодветната национална селекција на Словачка на домашен терен. Последна контрола пред настап на младинскиот Евробаскет е закажана повторно во Скопје, со селекцијата на Швајцарија.

 

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

  1. Андреј Шошкиќ – Работнички
  2. Михаил Стојанов – ТФТ Mozzart
  3. Ненад Јовановиќ – Roseto Basket
  4. Рубин Стефанов – Pescara Basket
  5. Алек Петкоски – Феникс 2010
  6. Петар Бошалески – Работнички
  7. Лука Димитриевски – МКК Куманово
  8. Бојан Стојановски – МЗТ Уни Банка
  9. Ангел Кечовски – Ангели
  10. Ангел Стојанов – Вардар
  11. Гојчо Стевковски – МЗТ Скопје Аеродром
  12. Матеј Николовски – Чаир 2030
  13. Петар Башоски – Blanca de Castilla
  14. Стефан Гоцевски – Работнички 2018
  15. Лука Серафимоски – МКК Куманово
  16. Григориј Јакимовски – Next Step Rapallo
  17. Никола Бојчев – Еуро Никел 2005
  18. Павел Иванов – Кожув
  19. Мухамед Ќамиловски - Црн Дрим
  20. Тома Стојаноски – Гостивар
  21. Христијан Тодороски – Еуро Никел 2005
  22. Виктор Стојковски – Навико Академија ФМП
  23. Метин Саити – Работнички
  24. Теодор Симиќ – Igokea