17.06.2024

Кадетската машка селекција претстојното лето ќе земе учество на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Скопје

Поширок список на кошаркари повикани за репрезентацијата „Под 16“ години

Кошаркарите, предводени од селекторот Александар Јованчев и неговите стручни соработници ќе настапат на кадетскиот Евробаскет, Дивизија „Б“ кој ќе се одигра во Скопје, во период од 8. до 17. август.

Селекторот Јованчев го објави поширокиот список на кошаркари на чии услуги ќе смета во подготвителниот период, и настап на евро-шампионатот.

Првиот собир на оваа национална селекција е закажан за 3. јули, 2024 година, во салата на СРЦ „Кале“, со почеток во 17:00 часот.

 СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

1.Кирил Петковски-МКК Куманово

2.Горјан Јакимовски-МКК Куманово

3.Андреј Митков-Спортисимо

4.Мартин Мудинов-Охрид

5.Дамјан Илиевски-Вибас

6.Алексеј Нешовиќ-Работнички

7.Дино Беговски-Работнички

8.Александар Сотир-Работнички

9.Жарко Терзиевски-Вардар

10.Григориј Ѓорѓевиќ-Вардар

11.Дамјан Данев-Вардар

12.Дамјан Стојановски-Вардар

13.Филип Алексовски-Вардар

14.Иван Мијалов-Вардар

15.Павел Ѓиновски-Вардар

16.Љубен Ефтимовски-Игокеа - БиХ

17.Ѓорѓи Цветковски-Феникс 2010

18.Дамјан Стојановски-Феникс 2010

19.Филип Сребров-Водно Санс

20.Матеј Костов-Водно Санс

21.Христијан Миленковиќ-Водно Санс

22.Лука Пјевац-Водно Санс

23.Никола Костов-Водно Санс

24.Алмир Ештрефи-Чаир 2030

25. Матео Матевски – САД

26. Предраг Тасевски – Пелистер

27. Лео Созовски - Пелистер