Женската јуниорска селекција на Македонија, претстојното лето ќе земе учество на Европското првенство Дивизија „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години.
Кошаркарките, предводени од селекторот Горан Крстевски и неговите асистенти Методија Бешлиоски и Јана Петрова ќе настапат на континенталниот собир од Дивизијата „Б“, што ќе се одржи во Романија во периодот од 2. до 11. август.
А предводникот на оваа наша селекција, Горан Крстевски го одреди и поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета во текот на подготвителниот период, и секако настапот на шампионатот во Плоешти.
Првиот собир на оваа репрезентација селекторот Крстевски го закажа за 1. јули, во СРЦ „Кале“ (мала сала), со почеток во девет часот.
Поширок список на кошаркарки повикани за репрезентација „Под 18“ години-жени
1. Ана Ангеловска – Патриот 2016
2. Ива Дојчинова – Тим Арена
3. Ива Колева – Тим Арена
4. Ана Иветиќ – Тим Арена
5. Бојана Николиќ – Вардар
6. Јана Пислевска – Вардар
7. Теа Трајковска – Вардар
8. Ања Начевска – Вардар
9. Мартина Џангаровска – Вардар
10. Мила Начевска – Вардар
11. Теодора Мариновска – Вардар
12. Ангела Тасовски – Вардар
13. Дора Алексовска – Бадел 1862
14. Ана Сарафиловска – Бадел 1862
15. Зара Стојковска – Бадел 1862
16. Јована Димковска – Бадел 1862
17. Ива Згонц – Бадел 1862
18. Вања Милосављевиќ – Бадел 1862
19. Дарија Панкова – Бадел 1862
20. Милица Николиќ – Врбас, Србија
21. Мила Ќолчевска - Баскет Алжеро, Италија
22. Душица Мицева – Пробаскет
Стручен штаб
Селектор: Горан Крстевски
Асистент: Методија Бешлиоски
Асистент: Јана Петрова
Физиотерапевт: Никола Арсиќ