11.07.2021

Поради примена вакцина, бекот-шутер ќе ги прескокне наредните тренинзи

Поштеда за Виктор Ефремовски

Виктор Ефремовски, кој го одработи првиот тренинг, принудно ќе мора да ги пропушти наредните неколку тренинзи.

Причината е претходно закажниот термин за вакцинација кој се совпадна со почетокот на подготовките на нашиот национален тим.

Стручниот тим на нашата најдобра селекција предводен од селекторот Драган Бајиќ одлучи да го поштеди бекот-шутер од наредните активности.

По дозвола од докторите, Ефремовски ќе се врати во процесот на подготовките кои официјално стартувата во понеделник, од 10.часот