19.01.2020

ПОСЛЕДЕН МЕЧ ОД 12. КОЛО ОД ПРВАТА ЛИГА: Вардар е на два чекори пред МЗТ Скопје Уни Банка

По 40.минути исполнети со многу играчки и резултатски пресврти, Вардар го совлада младиот соства на МЗТ Скопје Уни Банка (82:77) и му побегна уште еден чекор во битката за опстанок...

 

Екипите на Вардар и на МЗТ Скопје Уни Банка ја продолжија битката за опстанок во друштовот на најдобрите екипи во Првата лига. А првиот меч во 2020 година ги спои во меч одигран во малата сала на СРЦ „Кале“, каде во улога на домаќин се „црвено-црните“.

 

ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА                           82:77

(16-15;  20-16; 19-28; 27-18)

Повеќе од пет минути домашните кошаркари беа без постигнат поен. МЗТ Скопје Уни Банка поведе со (8-0), но брзо ја загуби таа позитива. „вардарци“ направија пресврт, поведоа со (12:11),и  таа прва четвртина ја завршија со минимална предност од (16:15).

Невеш и Крстевски реализираа дури 14. од тие 15. почетни поени на „црвено-црните“.

На другата страна пак, Тодоровски собра шест поени, но и седум скока.  А МЗТ Скопје Уни Банка до предност од шест поени (26:20), но младите „металци“ ја загубија во само неколку минути.

На полувремето Вардар, во голема мерка поради расположениот Невеш,  водеше со (36:31).

Третиот дел од играта во „Кале“ има припадна на гостите, кои уште еднаш успеаја да ја вратат предноста на својата страна. Но, во 28.минута од играта беше нерешени (55:55). А таа најефикасна четвртина МЗТ Скопје ја реши во своја корист, и водство од четири поени (59:55).

Но по кој знае кој пат по ред, Вардар, сега преку вториот поентер во тимот, Крстевски,  се врати назад. Брзо поведе со (60:59).  Но само за кратко, затоа што момчињата во сино-бела униформа, возвратија со нов мини-брејк за нов плус, (65:60).

Резултатската „клацкалка“ беше актуелна и во наредните минути. Затоа што Крстевски доби поддршка од Робев, за нов егал скор, (65:65) и седум минути за конечно решение.

Токму Робев, со тројка, го донесе домашниот тим во ново водство, (70:69). И стана третиот двоцифрен кошаркар кај Вардар,екипата која влезе во серија од седум неодговорени поени, и опипливо водство (74:69).

Но драмата продолжи до последните мигови од мечот. Во последните две минути, поточно 113 секунди, се влезе со „минималец“ за Вардар (74:73), откако Стојановски погоди само едно од двете слободни фрлања.   

Моменти во кои Провел покажа зошто Вардар го врати во Скопје. Но Исајловски врати со точен обид за три поени, (77:78), потоа и освои една топка, која брзо ја загуби Стојановски.

А во тие последни 17.секунди од дербито на дното во нашата Прва Лига, Провел застана и на линијата за слободни фрлања. Погоди два пати, а притоа потроши седум секунди, па на гостите им останаа само десет да ја достигнат негативата од три поени (77:80).

Обидот на Исајловски не беше прецизен, а точка на добрата игра во второто полувреме стави Робев.

Комплетната стастистика од мечот ТУКА.