„Сино-белите“ го скршија отпорот на младите „вардарци“ во финишот на средбата, и славеа триумф од (89:85)...
Победа со која му побегнаа чекор повеќе на Пелистер во трката за позицијата број 6 која води во Суперлигата...
ВАРДАР – КУМАНОВО 85:89
(22-21; 26-19; 20-28; 17-21)
На последниот меч од ова 14.коло, одигран „Под Кале“, Вардар и Куманово, одличен индивидуален почеток имаше Горјан Марковски. Бекот на гостите даде 12, од првите 15.поени на Куманово кој поведе со (15:11). Имаа гостите и плус 6 (17:11), кога дојде серијата на првата петорка на Вардар (плус повратникот во тимот, Радош). За резултатски пресврт по десет минути игра (22:21). По тројката на Робев, потоа и на Зафиров, предноста на Вардар беше дцоцифрена и најголема (37:27). Момент од 14.минута, кој го натера тренерот на Куманово, Александар Петровиќ, да побара минута одмор.
Без особен ефект затоа што „црвено-црните“ го одржаа водството, и на полувремето водеа со (48:40). По одморот, кој евидентно добро им дојде на гостите. Куманово брзо ја стигна негативата (48:48). Но фаворитот не направи ништо повеќе од тоа. Домашниот тим беше крјно мотивиран за успех на овој меч. Имаше постојана резултатска предност, но не поголема од 3-4 поени. Ја немаше на истекот на третата делница, резултатот беше егал (68:68). Двете екипи „се бркаа“ буквално до крајот на мечот. Во последнитге две минути Куманово влезе со предност од шест поени (85:79), креирана од Јанески и Црниќ. Но тука не беше крајот, затоа што на нецели 29. секунди пред крајот, Вардар дојде на -2 (83:85). Црниќ беше максимален од линијата за слободни фрлања (имаше 8/8) за (87:83), а победата ја потврди Петровски.
Комплетна статистика од мечот – ТУКА.