20.08.2020

Македонската кошарка е посиромашна за уште едно големо име откако синоќа ненадејно нè напушти Драган Василов - Цевка.

Последен поздрав за Драган Василов - Цевка

Кошаркарската Федерација ја информира јавноста, пријателите, неговите соиграчи, другари, сите оние со кои ги делеше сите работи во животот ќе можат да се простат, за последен пат, да се збогуваат со Драган Василов во петок, на 21. август.

Неговите посмртни останки ќе бидат изложени од 11:00 до 11:30 часот, во капелата на Градските гробишта во Бутел, каде ќе биде извршен и погребот на популарниот Цевка.