19.12.2019

ПОСЛЕДНА АКЦИЈА ЗА ОВАА ГОДИНА: Кадетите на Балкански Куп во Романија

На пат за Таргу Џиу, селекторот на репрезентацијата „Под 16“ години, Андреј Апостолоски Лечиќ поведе 14. кошаркари...

 

Доаѓа крајот на оваа календарска година. Но за нашата селекција на кошаркари „Под 16“ години претставува почеток на оној пат кој треба да го поминат се таму некаде до август, наредната година, кога ќе треба да заиграат на ЕП од Дивизијата „А“ кое ќе се одржи кај нас во Скопје.

Во наредните три дена треба да го одработи и Балканскиот Куп кој се одржува во романскиот град Таргу Џиу.

Таму избраниот состав на селекторот Андреј Апостолоски Лечиќ ќе одигра три натпревари во исто толку дена.

Турнирот ќе го отвориме со дуелот во петок попладне (17.15 часот, по македонско време) против селекцијата домаќин-Романија.

Во сабота (15.часот), следува дуелот со соодветната селекција на Израел, а  на последниот ден од овој собир, во недела наутро (9. часот), нашите кадети ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Бугарија.

Инаку, нашата селекција на турнирот во Таргу Џиу е предводена од селекторот Апостолоски Лечиќ и неговиот асистент Нино Чачиќ,  е составена од следните 14. кошаркари:  

Петар Бошалески, Лука Димитриевски, Андреј Шошкиќ, Петар Башоски, Теодор Гудев, Дарко Крстевски, Марко Трипуноски, Ненад Јовановиќ, Виктор Стојковски, Тома Шалев, Тома Стојаноски, Гојчо Стевковски, Никола Арсовски, Ненад Благоевски.

Инаку, организаторот на овој „Некст Стар“ турнир се погрижи натпреварите да ги пренесува и со посредство на стрим-технологијата.

Дуелот Македонија-Романија можете да го следите на следниот ЛИНК

БАЛКАНСКИ КУП „НЕКСТ СТАР“ 2019 – ТАРГУ ЏИУ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

20. ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК)

15.00: Израел – Бугарија

17.15: Романија – МАКЕДОНИЈА

21. ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

15.00: МАКЕДОНИЈА – Израел

17.15: Бугарија – Романија

22. ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

09.00: Бугарија – МАКЕДОНИЈА

11.15: Романија - Израел