29.04.2022

Зимската лига полека се ближи кон крајот...

Последниот 3х3 квалификациски турнир закажан за идната седмица!

Второто издание на зимската 3х3 лига полека, но сигурно се доближува кон крајот. Последниот квалификациски турнир од оваа натпреварувачка сезона е закажан за крајот на идната седмица, в недела (8. мај) со почеток во 11:00 часот во СРЦ Кале каде досега се одржаа и претходните квалификациски турнири од оваа сезона.

Од досегашните три квалификациски турнири, признанијата заминаа на контото на баскетџиите од Кино Влае, првиот турнир беше одржан пред крајот на 2021 година, вториот кон крајот на месец март, а третиот пред 20 дена (9. април). 

Екипите да го пријават своето учество до среда (4. мај).

* Секој квалификациски турнир ќе има награден фонд од 200 евра за првопласираната екипа односно 100 евра за второпласираната екипа. Наградниот фонд за финалниот турнир е десеткратно поголем односно 2000 евра за шампионот, 1000 евра за второпласираната екипа како и 500 евра парична награда за третопласираната екипа. Дополнително, шампионската екипа ќе добие и слот за учество на 3x3 Challenger турнир.