21.12.2019

ПОСЛЕДНО ПРВЕНСТВЕНО КОЛО ОД 2019 ГОДИНА: Се најде екипа која ги сопре „пелистерци“ – Еуро Никел 2005

Последниот прволигашки меч во Битола за оваа календарска 2019 година,  донесе и најголеми возбудувања, односно дополнителните пет минути го решија победникот – Еуро Никел 2005

 

На крајот на победата и се радуваа кошаркарите на Еуро Никел 2005. Можеа да го сторат тоа и во оние регулрни 40.минути. Но го одбраа потешкиот пат...

ПЕЛИСТЕР - ЕУРО НИКЕЛ 2005 82:88

(23-24; 17-19; 22-15; 16-20; 4-10)

Дуелот во Битола во целост ги оправда оние очекувања, пред се дека ќе биде динамичен, и најмногу неизвесен.

Иако гостите од Кавадарци водеа во најголем дел од првото полувреме, тоа не им беше доволно да направат некоја посериозна предност. Имаа водство (43:40), кое можеше да биде и повисоко.

Пелистер почна да изгледа „повисок“ за противничките играчи во третиот период. Пред се подобро играа во одбраната кошаркарите на Љупчо Малинков. Ги спуштија кавадарчани на само 15. реализирани поени, а  дадоа седум повеќе од нив.

Сосема доволно и да ја превземат резултатската контрола, да водат со (62:58). Но тоа не е разлика која е гаранција за победа.

На влезот во последните две минути, Казарновски ја врати предноста на страната на екипата од Битола (75:74). А потоа ја казни лошата поставка во одбраната на Еуро Никел 2005. И со тројка го однесе натпреварот во продолжение од пет минути (78:78).

А во него мини-блесок на Јане Петровски. Неговите пет поени во серија создадоа и пет поени вишок (85:80), кој кавадарчани знаеја да го сочуваат и да ја прекинат убавата низа на победи на Пелистер.

И што е уште поважно, да останат на делба на втората позиција на табелата со екипата на Гостивар.

Ќе „презимат“ на повеќе од солидни осум победи и три порази.

По заслуга на четири од петте стартни кошаркари. Макар то Каплановиќе се појави како поентерски лидер со 23.поени, но и 12.скока. Марзет финишираше со 19, Соколов имаше 16, а Петровски уште 11. Во првата победа за Горна Самарџиев како тренер на Еуро Никел 2005 против неговиот голем пријател, Љупчо Малинков, кој е сега предводник на екипата од Битола каде револверашка вечер заокружена со 31.поен, имаше Казарновски.

А тројца играчи си поделија по десет поени, Пенов, Мекиќ и Зекири.  

Комплетна статистика ТУКА

КУМАНОВО – АКАДЕМИЈА ФМП         97:71

(25-22; 18-16; 22-16; 32-17)

„Академиците“ од Скопје парираа сосема добро, коректно во првото полувреме. Не му дозволија на домашниот тим да направи некоја преголема позитива.

Но работите почнаа да се менуваат со почетокот на третата четвртина кога дојде до првото ппголемо резултатско одвојување, во корист на кумановци.

По тројката на искусниот Јанески, во 24.минута, Куманово поведе со двоцифрени (56:44), имаа и плус 13 (60:57), а тој дел од играта финишира со (65:54).

Оној последниот, беше и најдобриот во играта на кумановскиот состав. Поентерска „експлозија“ во последните десет минути по што „сино-белите“ потврдија дека со право се надеваат на место во Суперлигата, а зошто не и да се борат за плеј-офот.

Одличната партија капитенот Јанески ја заокруши со 24.поени и 8.скока. Дабл-дабл, веќе вообичаено регистрираше Младеновиќ, овојпат изразен со 17.поени и 10. успешни додавања. Од стартерите Марковски погоди за 15, а Атанасов за 12.поени.

Најстандардниот играч на Академија ФМП во овој дел од сезоната, Харис заврши со 18. поени, одлични минути имаше младиот Лука Стојановски, за 16.пооени и 3. скока, а Делипетров беше третиот со двоен број на поени – реализира 12.

Комплетна статистика ТУКА

КОЖУВ – ВАРДАР 87:65

(23-13; 23-9; 25-18;16-25)

Предраг Пајиќ и Димитар Караџовски делуваа непогрешливо на овој натпревар, последен за двете екипи во 2019 година. Едноставно погодија скоро се што шутнаа кон противничкиот кош, кој и онака не беше добро заштитуван.

Од друга страна, офанзивата на Вардар беше уште послаба. Особено во првото полувреме во кое гостите од Скопје успеаја да реализираат само 22. поени (13 во првата, и 9 во втората четвртина).

На другата страна Кожув реализираше на два пати по 23.поени, или вкупно 46 во тие 20.минути, За повеќе од убедливо водство, (46:22).

Ефикасни беа гевгеличани и во продолжението од играта, со секоја одмината минута ја зголемуваа позитивата која во еден момент изнесуваше и повеќе од 30.поени.

Сето тоа и повеќе од доволно за седмиот првенствен триумф, ефект (7-4) и делба на позицијата 4, заедно со екипите на Работнички и на Куманово.

Комплетна статистика ТУКА