06.04.2020

Постхумно, Патрик Бауман во „Куќата на славните“

Долгогодишниот генерален секретар на ФИБА, постхумно ќе биде примен меѓу кошаркарските великани во Спрингфилд.

 

Тој ќе биде еден од деветте великани на светската кошарка од „класата 2020“, во која беа одбрани и Коби Брајант, но и Тим Данкан, Кевин Гарнет, Еди Сатон, Руди Томјанович, Тамика Кечингс, Ким Малкеј и Барбара Стивенс.

„Класата 2020“ ќе биде промовирана на посебна свечена церемонија која оваа година ќе се одржи на 29.август во градот во Масачусетс.

Патрик Бауман беше долги години еден од водечките луѓе во Светската кошаркарска федерација, а освен тоа и член на Интернационалниот Олимписки комитет.

Од 2003 до 2018 година беше генерален секретар на ФИБА, кога почина од срцев удар за време на младинските олимписки игри во Аргентина.

Претходно во негова чест седиштето на ФИБА во Мие беше преименувано во „Куќа на кошарката-Патрик Бауман“.

Бауман е вториот, за жал, кој оваа година постхумно ќе го добие ова огромно признание, по Коби Брајант, кој пред неколку месеци трагично го загуби својот живот во хеликоптерска несреќа која се случи во близина на Лос Анџелес.