22.07.2017

Посветеноста се исплати!

По шест години, турнирот „Трофеј Македонија“ повторно го освои нашата сениорска репрезентација. Со максимален учинок од три победи, воините на Јорданчо Давитков ставија крај на една негативна серија.

Капитенот на нашата репрезентација, Војдан Стојановски, доби признание за најкорисен играч на турнирот (MVP) со кумулативен индекс на ефикасност од 35.

Посветеноста се исплати. Нека се множат победите!