06.10.2020 Одличното издание на македонскиот репрезентативец во овој круг не остана „недокументирано“ Доби многу поголем „простор“ од тренерот Карлес Дуран, и тоа го искористи за максимален ефект. Ненад Димитријевиќ беше еден од творците на важниот триумф на Хувентуд на гостински терен против Морабанк Андора. Освен што беше прв додавач, беше и еден од неколкуте гостински кошаркари кои завршија со двоен број на поени, а шпанските медиуми во преден план ги ставија неговите неверојатни додавања, особено во последната четвртина. На клупскиот „Youtube“ канал, Хувентуд ја стави акцијата по која македонскиот репрезентативец реализираше положување и дополнително слободно фрлање.