Македонската кошаркарска федерација и компанијата „Видеолотарија Касинос Австрија“, денеска потпишаа нов договор и ја продолжија досегашната успешна соработка.
„Под мотото „Играј со најдобрите“ продолжуваме да ги негуваме нашите заложби за поддршка на македонскиот спорт и македонските спортисти. Затоа уште еднаш застануваме зад Кошаркарската федерација. Нам ни претставува големо задоволство што можеме да ги помогнеме и бодриме нашите кошаркари и да инспирираме многу млади луѓе да бидат идни кошаркари како и да не радуваат сите“- изјави Вики Чадиковска од Видеолотарија.
Генералниот секретар, Владимир Георгиевски, ги потенцираше насоките кои стојат пред Македонската кошаркарска федерација во периодот кој што следува:
„На почетокот, односно кога прв пат се сретнавме, и започнавме со едно партнерство, се надевавме на некоја долга соработка. И на некој долготраен партнер, а сега сето тоа веќе се обвистинува. Ја продолжуваме соработката со Видео лотарија на Македонија. Ние како членови и како раководители на кошаркарската федерација, би сакале да кажеме една голема благодарност до Видео лотарија како компанија која ги препозна нашите амбиции и нашите активности и најде еден долгогодишен партнер со кој ќе продолжи успешната соработка.
Во овој период кој што следува, како што знаете, кошаркарската федерација има голем број на активности. А врвот на тие активности се достигнува во текот на летниот период каде што особено сите млади репрезентации, селекции, национални тимови влегуваат ‘во погон’, и имаат свои активности. Очекуваме прганизација наа две европски првенства, што ги добивме од ФИБА и ќе бидат одржани кај нас. Односно ЕП од Дивизијата ‘А’, за кошаркари ‘до 16 години’, како и ЕП од Дивизијата ‘Б’ за кошаркари ‘до 20 години’, кои што ќе ги организираме тука во Скопје. Исто така, за прв пат, нè очекува и претквалификациски циклус за пласман на Летниите Олимписки игри, кој што следува со самото наше квалификување во циклусот квалификации за Европското првенство кое ќе се одржи во 2025 година. Веќе во ноември, започнуваат и квалификациите за место на тој Евробаскет. Уште еден, нов квалификациски циклус кој пред себе го има машката сениорска репрезентација. Извесно, нè очекува едно бурно лето, исполнето со обврски и полно со активности, од најмладите па се до сениорската селекција. И за сите овие планови , за сите овие активности, нели, потребна е финансиска поддршка. И токму поради тоа денеска сме тука, да ја продолжиме нашата соработка со Видео лотарија на Македонија“ – кажа првиот оперативец на нашата федерација на собирот со претставниците на седмата сила.
Свое обраќање на прес-конференцијата, пред официјалното потпишување на договорот, имаше и претседателот Перо Антиќ:
„Како претседател и раководител на федерацијата, заедно со мојот тим, ние сме еден сервис, сум го кажал тоа многу пати досега, за создавање на многу подобри услови за кошаркарите, за репрезентативците, во глобала, за целата кошарка. Среќен сум дека партнерството со ВЛТ продолжува. Луѓето ја препознаа нашата добра работа и посакувам заедно да создадеме уште подобри услови за кошаркарите, и пред се, репрезентативците“.
За две недели Видео лотарија ќе има уште една прес-конференција каде ќе бидат споделени уште неколку убави информации, во насока, нормално, на подржување на овие активности во која ќе бидат вклучени и претставниа федерација, а се со целда се создадат и поттикнат негување на здрави навики, особено кај најмладите спортисти.