12.08.2024 Претседателката на Романската федерација ќе го искористи престојот во Скопје за разговори со раководството на нашата федерација Потпреседателката на ФИБА-Европа, г-ѓа Кармен Токала е специјален гостин на нашата федерација за време на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое деновиве се одвива во нашиот главен град. На покана на раководството на Македонската кошаркарска федерација, г-ѓа Токала е дел од присутните на натпреварот Естонија-Македонија, а деновите на престој на „првата жена“ на Романската кошаркарска федерација ќе бидат искористени за разговори околу планираните активности на двете федерации во наредниот период, но и активната соработка со европската зона на ФИБА, чиј потпреседател е г-ѓа Токала.