17.06.2025

„Можам да ветам дека репрезентацијата ќе ги добие најдобрите услови за работа“...

Потпретседателот Младен Ѓуроски со порака до јавноста: „Барам поддршка од сите“!

Младен Ѓуроски, потпретседателот на Кошаркарската федерација на Македонија се надева на успешни игри на сениорскиот национален тим, а побара од присутните претставници на седмата сила, но и од јавноста, особено онаа кошаркарската, максимална поддршка за момците во„црвено-жолта“ комбинација, онаа на националниот дрес.

„Мило ми е што Марјан Илиевски ја прифати понудата и се надевам на успех во неговата работа. Од страна на Кошаркарската федерација, можам да ветам дека репрезентацијата ќе ги добие најдобрите услови за работа, играчите и селекторот ќе треба само да се фокусираат на своите натпревари и да остават срце на терен. Единствено што барам е поддршка и од медиумите и од целокупната спортска јавност во земјава“- гласеше коментарот на потпреседателот Младен Ѓуроски пред присутните новинари.