04.02.2021

По две години пауза, репрезентативниот бек повторно ќе игра во домашниот шампионат, како играч на Бадел 1862

Потврда од Бадел 1862: Стојановска повторно на теренот

Актуелен репрезентативец и една од најдобрите македонски кошаркарки Александра Стојановска во наредниот период повторно ќе настапува во  „сино-жолтиот“ дрес на Бадел 1862.

По ангажманот кој го имаше во Фљамуртари, и по успешната рехабилитација по повредата на скочниот зглоб, Стојановска се врати во татковината и по пауза од две години повторно ќе ја гледаме во домашното првенство.

„Среќна сум што повторно сум дел од овој колектив, кој воедно ми пружа шанса за мое враќање на терен. Моите очекувања пред сè, се оваа сезона да продолжи успешно. И сите да останеме во добро здравје поради целата ситуација со пандемијата. Исто така, верувам дека ќе се бориме заедно и ќе го дадеме максимумот за да освоиме нова шампионска титула!“- изјави за клупскиот сајт Стојановска, која во исто време ќе биде и тренер во младинската школа на Бадел 1862.

„Искрена да бидам, малку е напорно, бидејќи е голема одговорност и бара големо посветување да се постигне и тоа и тоа. Но, мене ми претставува задоволство што можам да го пренесам моето знаење и играчко искуство на младите генерации, па затоа се трудам да бидам успешна во двете работи“- дополнува Стојановска.

ФОТО: ЖКК БАдел 1862