31.01.2021

Двата позитивни теста се потврдени кај стручниот дел од нашата најдобра женска селекција

Потврдени позитивни случаи на COVID-19, под знак прашалник е доведено учеството на турнирот во Рига

Женската сениорска репрезентација на Македонија најверојатно нема да игра на претстојниот квалификациски турнир за пласман на Евробаскетот 2021 година кој од 1, до 6. февруари се одржува во Рига.

Причината за евентуално откажување на настапот на нашата женска сениорска селекција на „балонот“ во главниот град на Летонија, се два позитивни случаи на Ковид-19, кои беа потврдени на задолжителното тестирање од корона вирус направено во Охрид, непосредно пред тргнувањето за Рига.

Инаку, двата позитивни теста се потврдени кај стручниот дел од нашата најдобра женска селекција.

Раководството на нашата федерација веќе е во постојана комуникација со ФИБА, поточно со генералниот секретар, Камил Новак. И во периодот кој следува, комуникацијата на највисоко ниво ќе продолжи. Ќе се бара најдоброто решение за заштита на здравјето на сите кои се дел од нашиот женски национален тим, а во многу скоро време ќе биде донесена и конечната одлука.