08.04.2021

Последното место го зазема францускиот Стразбур, Џејкоб Вајли и Сарагоса по пехарот...

Потврдени учесниците на „Фајнал-ејт“ турнирот во ФИБА Лигата на шампионите

Сега веќе се симнати сите дилеми, познати се имињата на сите осум учесници на завршниот турнир од ФИБА Лигата на шампионите.

По одогруваето на послендито круг од натпреварите во ТОП 16 фазата, своето учесно на „Фајнал-ејт“ турнирот го потврди и екипата на Стразбур.

Па сега листата на финалисти изгледа вака:

Касадемонт Сарагоса (Шпанија), Нимбурк (Чешка), Хапоел Холон (Израел), Сан Пабло Бургос (Шпанија), Тенерифе (Шпанија), Нижњи Новгород (Русија), Пинар Каршијака (Турција), Стразбур (Франција);

Четвртфиналните средби ќе се играат на 5 и 6. мај, полуфиналните на 7. мај, додека мечот за третото место и големото финале се предвидени за 9. мај.

Многу брзо ФИБА ќе го објави и градот домаќин на завршниот турнир од Лигата на Шампионите како и комплетниот распоред на одигрување на натпреварите.