18.08.2025

До сите љубители на спортот и верните навивачи да дадат поддршка на нашиот национален „А“ тим на претстојниот натпревар

Повик!

Македонската Кошаркарска федерација ги повикува сите љубители на спортот и верните навивачи да дадат поддршка на нашиот национален „А“ тим на претстојниот натпревар:

- 20.август 2025 година во 19 часот ;

- Скопје, Спортско рекреативен центар „Кале“ ;

- противник, репрезентацијата на Унгарија ;

Нашите репрезентативци со гордост ја претставуваат државата и ја носат одговорноста да се борат за нови успеси.

Поддршката од трибините секогаш била нашата најголема сила и мотив, па затоа веруваме дека и овој пат заедно ќе создадеме атмосфера на коректно навивање, достојна за големи спортски семејства.

Ве повикуваме да бидете дел од овој настан, и со вашето присуство да им дадете дополнителна енергија на нашите играчи. Заедно да отпочнеме да ја испишуваме следната страница во историјата на македонската кошарка.

Со почит,

МАКЕДОНСКА КОШАРКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА