Повик до медиумите за акредитирање новинарски екипи за натпреварите од Купот на РМ - КФСМ
04.02.2019

Повик до медиумите за акредитирање новинарски екипи за натпреварите од Купот на РМ

Македонската кошаркарска федерација ги повикува сите медиумски куќи за акредитирање на новинарски екипи за следење на натпреварите во рамки на Купот на Република Македонија, кои ќе се одиграат во Гевгелија (15. до 17. февруари, 2019 година).

Барањата за акредитации треба да се испратат најдоцна до понеделник (11. февруари, 2019 година) на office@basketball.org.mk.
Македонската кошаркарска федерација ќе организира превоз на претставниците на медиумите. 

КУП на РМ распоред
Ден 1. (15. февруари, 2019 година ПЕТОК)
13:00 Блокотехна – АВ Охрид (четвртфинале 1)
15:15 Работнички - Куманово 2009 (четвртфинале 2)
17:30 МЗТ Скопје Аеродром – Кожув (четвртфинале 3)
20:00 Гостивар – Фени Индустри (четвртфинале 4)

Ден 2. (16. февруари, 2019 година САБОТА)
12:00 Бадел 1862 – Струга 2009 (натпревар 1)
14:15 Вардар – Работнички (натпревар 2)
17:30 Полуфинале МАЖИ 1(победник четвртфинале 1 – победник четвртфинале 4)
20:00 Полуфинале МАЖИ 2(победник четвртфинале 2 – победник четвртфинале 3)

Ден 3. (17. февруари, 2019 година НЕДЕЛА)
14:30 Финале ЖЕНИ (победник натпревар 1 – победник натпревар 2)
17:30 Финале МАЖИ (победник полуфинале 1 – победник полуфинале 2)