28.07.2017

Повик до медиумите за акредитирање новинарски екипи за натпреварите од претквалификациите за СП

Македонската кошаркарска федерација ги повикува сите медиумски куќи за акредитирање на новинарски екипи за следење на натпреварите во рамки на претквалификациите кои нашата А селекција ќе ги одигра на домашен терен.

Барањата за акредитации треба да се испратат најдоцна до вторник (1. август, 2017 година) на office@basketball.org.mk и истите ќе можат да се подигнат до петок (4. август, 2017 година) во просториите на Македонската кошаркарска федерација. 

Првиот натпревар на домашен терен го играме против Естонија на 5. август со почеток во 20:30 додека вториот го играме седум дена подоцна против Косово во истиот термин.