27.06.2019

Повик до медиумите за акредитирање за натпреварите од Европското Првенство (Б) кое ќе се одигра во Скопје

Кошаркарската федерација на Северна Македонија ги повикува сите медиумски куќи за акредитирање на екипи за следење на натпреварите од Европското првенство (дивизија Б) за кошаркарки до 18 години кое идната седмица ќе започне да се одигрува в Скопје.

Натпреварите ќе бидат одигрувани во VIP арена при спортскиот центар „Борис Трајковски“ (main gym) како и во двете сали при спортскиот центар „Јане Сандански“.

Комплетниот распоред може да се погледне на следниот ЛИНК. http://www.fiba.basketball/europe/u18bwomen/2019/

 

Барањата за акредитации треба да се испратат на office@basketball.org.mk и истите ќе можат да се подигнат во просториите на КФСМ.