Кои се најдобрите во кошарката за 2018 година?!
Уште една календарска година полека, но сигурно заминува во историјата. Голем број на натпревари беа одиграни на терените ширум Републиката во рамки на домашното првенство, натпреварите од Купот како и натпревари од репрезентативни размери.
Македонската кошаркарска федерација и оваа година ќе им додели признанија на најдобрите во кошарката, а за таа цел потребна е помош од сите кошаркарски работници!
Се замолуваат сите кошаркарски работници, играчи – активни и ветерани, тренери, судии, делегати како и претставниците на медиумите да го дадат својот глас на кошаркарите, кошаркарките, судиите и тренерите за кои сметаат дека го заслужуваат епитетот најдобри за 2018 година.
Исполнетата ФОРМА ЗА БОДУВАЊЕ да се испрати до office@basketball.org.mk не подоцна од 16. декември.