06.02.2025

информација до медиумите

Повик за акредитирање за натпреварите од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ за 2025 година

Во пресрет на почетокот на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2025, кој ќе биде реализиран во периодот од 13. до 15. февруари, 2025 година, потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите кои ќе ги следат натпреварите кои ќе бидат реализирани во  спортската сала „26. април“ во Гевгелија.

Ве известуваме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации за турнирот во Гевгелија е до 09. февруари (недела), 2025 година на следната меил адреса: office@basketball.org.mk

Претставниците на медиумите, за натпреварите од финалниот турнир, можат да присуствуваат, и да ги реализираат своите професионални обврски со претходно најавено присуство за натпреварите, и задолжително, новинарска акредитација.

Ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на овој настан преку официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата како и на профилите на социјалните мрежи на КК Кожув.