Судиската Комисија при КФСМ објавува повик за пријавување за полагање на повисок судиски ранг за сите судии кои ги исполнуваат условите наведени во член 5 (за Регионален судија) и во член 6 (за Државен судија) од Правилникот зза судиски и делегатски кадар.
Испитот за полагање за овој ранг го организира Судиската Комисија на кошаркарската федерација на Македонија, а се состои од:
• Тест од познавање на службените кошаркарски правила и механиката на кошаркарското судење,
• Тест за проверка на физичката подготвеност и
• Судење на натпревар од најквалитетните младински или сениорски кошаркарски лиги.
Кандидатите кои го положиле испитот за ДРЖАВЕН КОШАРКАРСКИ СУДИЈА, можат да ги судат сите натпревари во организација на КФМ.
По завршувањето на циклусот од задолжителни (НАЈМАЛКУ) две години континуирано судење и покажаниот успех во истото во најквалитетната машка лига (Прва лига) организирана од КФМ, ДРЖАВНИТЕ КОШАРКАРСКИ СУДИИ се стекнуваат со право да бидат КАНДИДАТИ ЗА МЕЃУНАРОДНИ КОШАРКАРСКИ СУДИИ.
Очекуваме на повикот да се пријават исклучиво кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови.
Секој(а) кандидат(ка), со реплицирање на овој мејл, треба да ги наведе:
- годината на раѓање
- која година почнал(а) со судење
- датум на стекнување на последниот (актуелниот) судиски ранг
- кои лиги ги судел(а) во натпреварувачките 2022/2023 и 2023/2024 (не треба да се наведат сите натпревари таксативно, доволно е само да се наведат лигите, на пр.: Прва А лига жени, Втора Лига мажи итн.)
Повикот трае седум дена, т.е. заклучно со 8.март.,2024 (петок) до полноќ.
По процесот на селекција на кандидатите и нивното информирање, ќе се формира Комисија за спроведување на испитите.
Очекувана временска рамка е истите да бидат реализирани од втората половина на април и цел месец мај, во зависност од бројот на кандидати.
Ги охрабруваме сите колеги/колешки кои ги исполнуваат одредбите од горенаведените членови, да се пријават на Повикот без колебање.
Спортски поздрав,
Алија Феревски
Претседател на Судиска комисија при КФСМ