23.02.2022

Селекторот Илиас Зурос ги отвори картите, го објави списокот на играчи за дуелот со Македонија

Познат е составот на Грузија: Нè напаѓаат со Шермандини и Мек Фејден

На неполни 24 часа пред официјалниот почеток на средбата Грузија-Македонија, селекторот на домашната селекција, Илиа Зурос, го објави списокот на 12. кошаркари кои ќе играат против нашата.

Очекувано, во ростерот за мечот кој се игра од 16. часот, не фигурира името на првата ѕвезда на Грузија во овој момент, Торнике Шенгелија, кој има обврски со московска ЦСКА во Евролигата.  

Но Зурос ќе го има на рапсолагање други одлични кошаркари како Георги Шермандини, Тадус Мек Фејден, Дуда Санадзе...

СОСТАВ НА ГРУЗИЈА: Георги Шермандини, Дуда Санадзе, Гиви Бакрадзе, Илиа Лондаридзе, Бека Бекаури, Кахабер Јинчаридзе, Тадус Мек Фејден, Мераб Боколишвили, Геoрге Корсантиа, Акаки Двалишвили, Микел Беришвили, Отар Пакадзе;

СЕЛЕКТОР: Илиас Зурос