28.09.2020

Финалниот турнир од Лигата на шампионите, на 30.септември ќе го отворат екипите на Хапоел Ерусалим и Бургос

Познат распоредот на натпреварите на „Фајнал-Ејт“ турнирот во Атина

За прв пат откако беше формирана Лигата на Шампионите, новиот првак во најсилното натпреварување на ФИБА ќе биде познат во првите денови од октомври.

Поради прекинот на оној регуларен дел предизвикан од појавата на корона вирусот, Бордот на ФИБА одлучи финалниот турнир од ова натпреварување да се одигра во перидот од 30. септември до 4. октомври.

Претходно беа доиграни оние квалификациски мечеви по кои екипите на Дижон и на Тенерифе обезбедија учество на „Финалните осум“ во Атина.

Според распоредот, четирите средби од четвртфиналето ќе се одиграат во два дена, на 30. септември и 1. октомври.

Финалниот турнир во среда, од 17.30 часот, ќе го отворат екипите на Хапоел Ерусалим и Бургос, додека три часа подоцна (20.30) на мегдан ќе излезат екипите на Турк Телеком и Дижон.

Следниот ден, во истите термини, во „ОАКА Арената“ ќе играат Нимбурк -АЕК, односно Сарагоса-Тенерифе.  

Победниците, на 2. октомври (петок) ќе се борат за место во големото финале кое на распоредот е на 4.октомври, а стартува од 16.часот.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

30. СЕПТЕМВРИ (СРЕДА)

17.30: Хапоел Ерусалин – Бургос

20.30: Турк Телеком – Дижон

1.ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК)

17.30: Нимбурк – АЕК

20.30: Сарагоса - Тенерифе