28.05.2025

На овој собир, закажан за 31. мај, во СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе бидат дел од клубовите од источниот дел од нашата земја

Познат распоредот на натпреварите на вториот Минибаскет фестивал

Кошаркарската Федерација, овој викенд, поточно на 31. мај (сабота), организира "МИНИБАСКЕТ ФЕСТИВАЛ 2025", кој е дел од ФИБА проектот "Alley-oop", за клубовите од источниот дел на државата.

Место на одржување ќе биде салата во СРЦ "Кале" – Скопје, а како учесници се повикани младите кошаркар(к)и од генерациите:

2015/16 машки, 2015/16 женски, 2017/18 машки, 2017/18 женски;

Соодветно со бројот на пријавените екипи, познат е и распоредот на одигрување на натпреварите.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ